Арангелова воодушеви со пијано рецитал

Објавено на 18 декември, 2012 во 13:39

Младата професорка по пијано во кавадаречкото музичко училиште “Лазо Мицев-Рале“, Ана Арангелова  синоќа ја почести публиката со одличен  концерт.

Делата на  Јохан Себастијан Бах, Дебиси, Рахмањинов и Гинастера беа избор на Арангелова.

“Задоволство ми е да настапам пред моите сограѓани. Се надевам дека и публиката уживаше во она што го понудив во својот пијано рецитал“, рече Арангелова во кратката изјава за медиумите. За Арангелова овој концерт беше впрочем и  проба пред магистерскиот испит.

Како специјален гостин на сцената настапи  и нејзината голема пријателка и соработничка, сопранот Марта Ристова исто така од Кавадарци.

И Арангелова и Ристова се  репродуктивни уметнички кои имаат настапувано на сцените во Македонија и надвор од неа.  Арангелова има концертирано заедно со маестро Трпчевски во салата на Обединетите Нации, а Ристова е добро позната на сцените во Словенија и Балканот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.