Нема место за актерите, владетелите ја земаа контролата и над публиката!
Главната светска порака отворено проговори за репресираното актерство, македонската порачува слободата не е нешто што некој некому ќе му го даде или дозволи туку се зема.
На владетелите веќе не им претставува проблем контролата над оние кои се изразуваат преку иронија и сарказам, бидејќи веќе нема место за актерите, ниту пак има публика на која тие ѝ се обраќаат. Ова е главната порака која доаѓа од италјанскиот режисер и драматург Дарио Фо по повод денот на театарот.
„Во суштина ова е една хумана, обединувачка порака или група на пораки кои секоја година се испраќаат ширум светот и одново го обединуваатдефинираат местото на театарот на изведбените уметности во светот“ , рече Александар Ивановски, член на ИТИ
Пораката која доаѓа од земјава пак годинава ја испраќа професорката од драмскиот театар, Мими Таневска која вели дека уметноста подразбира слобода и затоа многу идеолошки системи и диктатури не успеале да се справат со неа и да ја стават под своја контрола. Слободата не е нешто што некој некому ќе му го даде или дозволи. Слободата се зема, пишува Таневска.
Традиционално на овој ден и велешкиот театар игра претстава која годинава одбра да биде „Ноќите во бел сатен“.
„Театарот и сите уметности имаат чуден феномен и во кризни времиња потребата за нив расте кај публиката. За тоа мислам дека ново појавените технологии нема да му наштетат на опстојувањето на театарот иако земаат голем замав“, рече Јордан Витанов, директор на театрот Јордан Хаџи Константинов Џинот.
И покрај сите проблеми кои ги имаат актерите се дадеваат дека пораката на овој ден ќе допре до публиката.
„Ова сепак е голем празник за мене заради тоа што две третини од мојот живот сум поминала во театарот и мислам дека се повеќе сваќам дека ми е местото каде припаѓам и сум среќна во него. Мило ми е што припаѓам во велешкиот колектив. Се надевам дека и понатаму публиката ќе не следи и сака и ќе навива за нас“ рече Слободанка Чичевска, актер во велешки театар.
„Јас сум задоволна како функционира мојот театар, можеби би сакала да имаме еден проект плус во текот на годината, но тоа не зависи од мене. Јас навивам за различни жанрови престави да ни се на репертоар, а ние се разбира дека имаме огромен капацитет да го изведеме тоа“, рече Маја Љутков, актер во велешки театар.
Велешкиот ансамбл на театарот ќе го одбележи денот вечерва играјќи ја преставата „Ноќите во бел сатен“ и ги повикаа велешани заедно да го прослават празникот на актерството./Б.Н.