Претставата „Жени“ ги отвора деновите на македонска култура во Белград!
Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов – Џинот ја отвора традиционалната манифестација која носи симболичен наслов „Допир на Македонија“.
На 17-ти мај во народното позориште во Белград, на сцената на Раша Павловиќ ќе манифестацијата ќе ја отвори почесниот амбасадор на македонската култура во Србија, Зафир Хаџиманов. Во 20.30 часот ќе се одигра преставата „Жени“ во изведба на аансамблот на велешкиот театар.
Инаку во рамките на оваа манифестација предвидена е богата повеќедневна програма, во која љубителите на македонската култура ќе имаат можност да се запознаат со различни културни содржини, наслови на книги на македонските писатели, изложби на уметничките дела, да уживаат во македонската музика и игра, или да пробаат некои од кулинарските специјалитети од богатата македонска кујна./Б.Н