Први награди за првиот македонски духовен филм „Пресвета Богородице, спаси не“ на фестивали во Русија
Со награди и бесценети импресии, актерката и режисерка Весна Димитровска Бобевски се врати од Русија каде нејзиниот играно-документарен филм „Пресвета Богородице, спаси не“ учествуваше на три престижни меѓународни фестивали. Рамо до рамо со останатите земји, филмот на Бобевска уште еднаш ја промовираше македонската православна вера, јазикот и нацијата.
„На овие фестивали за прв пат се почувствував како актер, за прв пат ја почувствував светлата страна на оваа професија. Значи добив почит максимум и од организаторите на фестивалот и од директорот. Особено нивниот однос кон филмот и кон Македонија, што ми беше особено драго, рече Димитрова Бобевски.
Филмот со верска и црковна тематика учествуваше на фестивалот на малите народи што се одржа во Чувашка Република во конкуренција на играни филмови од целиот свет. Но исто така неколкупати се прикажа и на реномираниот фестивал Златен витез што се одржа во Сибир. Одличен прием и интерес кај публиката предизвикал и на двата фестивали.
„Филмот ќе продолжи со своето фестивалско живеење. Се некако го праќам во Русија бидејќи таму има многу црковни фестивали. Овие фестивали се уникатно здружување на уметноста и религијата и се соединети за просветлување на пространството за усовршување на човечките души кои се стремат кон совршенство. Можеби токму оваа спојка ми претставува предизвик и затоа овој филм ќе го продолжи своето фестивалско живеење, рече Димитрова Бобевски.
Иако без финансиска помош од ниту една институција, режисерката не се откажува од идејата македонската вера и нација и во иднина да ја промовира во светот.
Филмот „Пресвета Богородице, спаси не“ од денеска учествува на уште еден престижен фестивал во Русија./Д.С