Во велешките кафетерии, млади македонски поети читаа поезија во чест на Рацин (ФОТО)
Објавено на 14 јуни, 2014 во 12:33
Пред претежно млада публика на платото на кафетериската улица во Велес и спроти споменикот на Кочо Рацин во дворот на велешката гимназија, доцна синоќа, се одржа литературно читање. Дел од своето најново литературно творештво пред љубителите на пишаниот збор преставија поетите Исток Улчар, Игор Крајчев, Елена Пренџова, Иван Антоновски, Игор Чоков, Оливера Доцевска, Давор Стојановски и Душко Крстевски. Нив, околу полноќ, им се придружија и гостите од Хрватска, поетите Марко Грегур и Кемал Артнан.
За несекојдневната атмосфера, во која веднаш по завршувањето на манифестацијата на свечено доделување на Рациновите признанија, уживаа повеќемина присутни посетители на кафетериите се погрижија и членовите на бендот „Ivannov Jazz Quartet“.