Со буто танц промовиран „Дневникот на Хулиганот“ во Велес
Самата потрага по пеперутките во нас и во љубовта кои по некогаш ги бараме и ги заробуваме, несвесно ги ставаме во кафез, кога ќе се обидеме да ги извадиме наоѓаме само прашина. Васил Зафирчев во буто перформансот тоа силно успеа да го долови, да го направи. И од она што е наше, силно, што треба да го доживееме за жал по некогаш само крвта и прашината ја вадиме за потоа да трагаме по изгубената љубов која штом еднаш е затворена не е повеќе истата.
Вака публиката го доживеа перформансот што актерот Зафирчев го изведе пред промоцијата на книгата „Дневникот на хулиганот“ од Сашо Димовски, во Велес. За делото младиот писател Димитри Соле Рубин рече дека го доживеал како поинакво поетско раскажување.
„Сашо покажува една совршена нарација на поезијата. Неговата поезија во проза е нов миг во целата македонска литература која има зачетоци кај некои македонски автори. Еве и јас како автор предпочитам да ги поделам поезијата и прозата. Прозата да има поетички миг во поезијата. Кај Сашо сето тоа е многу посуптилно направено затоа што тоа не е роман ниту песна туку нешто што има свое наративно дејство меѓутоа е нежно како поезија а силно како роман,“ реле Соле Рубин.
Зафирчев перформансот го прикажа на сцената на велешки театар додека во фоајето на зградата љубителите на пишаниот збор имаа можност да купат книга со посвета на авторот, Сашо Димовски. Тие неговото присуство го искористија и за фотографирање и разговор.