Слика на Александар Мијак продадена во Њујорк
„Боемска рапсодија“ е насловот на делото на академскиот сликар и графичар Александар Јовановски Мијак кое ги воодушеви љубителите на сликарството и колекционерите во Њујорк, во Соединетите Американски држави. Авторот делото го наслика во мај, годинава во сликарска техника масло на платно. Аукцијата беше организирана од Асоцијацијата за храна и вино во Њујорк.
Станува збор за несекојдневен настан кој ја одбележа ликовната уметност и се случи во еден од најубавите хотели во светот Mohonk Mountain House во Њујорк. Средствата од продажбата на делото се наменети за хуманитарни цели.Настанот беше проследен од сите медиуми вклучувајќи го и New York Times.
Александар Мијак деновиве заминува за Соединетите Американски Држави каде ќе реализира две самостојни изложби во Њујорк и Њу Џерси во САД на кои по четврти и петти пат ќе го презентира Велес и Република Македонија./Д.С