Утре стартува четвртото издание на меѓународниот фестивал на изведбени уметности „Импакт“
Со интернационален симпозиум на кој ќе учествуваат професори и декани од земјава и странство утре започнува четвртото издание на меѓународниот фестивал за изведбени уметности Импакт во Велес. Заинтригирани од она што ни се случува со меморијата во минатото и денешницата, учесниците на симпозиумот ќе дебатираат на тема „Меморија и простор“.
„Ќе учествуваат 12 излагачи од Македонија и странство, меѓу кои еминентни имиња на професори и декани од Италија, Велика Британија, Полска, Чешка, Канада. Темата е исклучително битна бидејќи во последниве години некако континуирано сме поврзани со меморијата, во однос на многу битни праѓања поврзани со нашето историско минато, рече Александар Ивановски, директор на фестивалот.
Организаторите и годинава не се задоволни од поддршката на локалните власти. За прв пат годинава, фестивалот кој се финансира со пари од програмата за култура на Европската унија, добил поддршка и од министерството за култура. Но иако со ограничен буџет, организаторите на фестивалот нема да ја разочараат велешката публика, за која велат дека е единствена и отворена за ваков вид на уметност.
„Земајќи го во предвид прогресот на уметноста во градот, значи дека тука е едно природно тло за да се случи еден ваков фестивал. Публиката од самиот почеток го покажува својот интерес за поинакви работи. Ние не се трудиме секоја претстава да и се допадне, всушност тоа е и целта на фестивалот да создаде и да одржио една критичка маса. Некој ќе ги доживее на ниво на емоција, некој на визуелен дизајн, рече Ивановски.
Фестивалот продолжува во сабота со две театарски претстави кои ќе се одржат на сцената на велешкиот театар. Станува збор за претставите Трансферату на Интимен театар и авторското дело на Васил Зафирчев „Дневникот на хулиганот“. Во рамките на фестивалот в недела ќе се одигра прфетсавата „The beautiful“ на Петар Милошевски. Во понеделник продолжува со претставата „Шекспир, те сакам“ во клуб Тарантино и завршува во понеделник со претставата „Ветер на лудоста“ во изведба на словенечки театар Младинско./Д.С