Се реновираат спомен куќите во Горно Врановци
Во историското Горно Врановци се реновираат спомен куќите во кои во периодот од септември до крајот на октомври 1944 година пртстојувале највисоките органи на НОВ за Македонија. Според Марин Клифов, од Народниот музеј во Велес, при крај се работите околу реновирањето на куќите каде што претстојувал Главниот штаб, потоа куќата на ОЗНА, на ЦК, президиумот на АСНОМ , на првата партизанска болница и на куќите во која е издаден првиот број на весникот „Нова Македонија“ и на македонското радио.
„Работите се при крај. Реновирањето се врши во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од претстојот на највисокото воено раководство на НОВ во историското Горно Врановци. Со програмата за одбележувањето на овој датум средствата во висина од 100.000 денари , наменети за реновирање, ги обезбеди министерството за култура, а ги изведува Народниот музеј од Велес.“
Според програмата до крајот на овој и почетокот на идниот месец во Горно Врановци ќе се одржат свечености со кои ќе биде одбележана 70- годишнината од престојот на највисоките раководители на народно ослободителната војна во Македонија./С.А