Велес доби уште еден ноќен клуб – „Авангард“
Во присуство на многубројни гости, јавни личности и љубители на добрата ноќна забава синоќа во Велес беше отворен ноќниот клуб „Авангард“. Сместен во подземниот дел на стоковната куќа „НА МА“ клубот ги отвори ширум вратите за сите што умеат да се забавуваат. На свеченото отворање добра забава за гостите понудија групата „КГБ“ и ди џеј Флеш. Сопствениците на „Авангард“, Панче и Мишо Индови ветуваат добра и квалитетна забава за сите посетители.
„Целта ни е да го подобриме квалитетот на забавата во ноќните часови во градот. Но освен велешани ги очекуваме и гостите од регионот. Музичката програма во клубот ќе биде прифатлива за сите посетители од млади луѓе до повозрасни посетители. Годините се само бројки, нели па затоа овде ќе има место за сите кои се чувствуваат млади и имаат желба за забава. Ние ќе нудиме забава од електронска музика до настапи на бендови и пејачи , “ рече Мишо Индов.