Почна кавадаречката културна есен
Од синоќа па се до крајот на годината кавадарчани ќе конзумираат речиси секојдневно по некој настан од културата. Ќе има многу изложби, концерти, промоции на книги, театарски претстави. Со голем ретроспективен концерт на кој настапија групи и солисти од Кавадарци започна манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.
Многу познати рефрени направија времеплов , публиката се потсети на хитовите од осумдесетите години на минатиот век па се до денеска. Концертот . Настапија Џоа Бенд“, Наталија Славева, “Еден Ден“, Александра Михова, Коскаров – Соколов, „Л & Л“, „Modern Jazz Quartet“, Абдомен, Наташа Малинкова, „Smoke Shakers“ и „Токму така“.
Манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ ја организираат културните институции од градот, а е подржана и од локалната самоуправа.
„Откако бевме град на културата со несмалено темпо работиме на организација на бројни настани од културата , така и ќе продолжиме. Годинава кавадарчани ќе имаат можност да погледнат над 40 културни настани“ рече директорот на домот на културата „Иван Мазов Климе“, Владимир Темков, на отоворањето на манифестацијата.
Градоначалникот Александар Панов отворањето на кавадаречката културна есен го искористи да сооошти дека салата на домот на културата ќе добие нови столчиња, со што ќе се заокружи процесот на реконструкција на културните институции во градот.
Синоќа беше отворена и изложбата на дела од ликовната колонија „Вила Тодоров-Кожув“ што ова лето се одржа по четврти пат во „Вила Тодоров“, а има меѓународен карактер. На публиката и се понудија 63 дела насликани од триесетина автори од Македонија и Србија.
Во прекрасниот амбиент на Вила Тодоров сместена во пазувите на Кожув Планина на 1600 метри надморска висина организаторот на колонијата, Марјан Тодоров им овозможи на овие ликовни уметници да се сретнат, да се запознаат со други автори кои поинаку размислуваат и поинаку работат за да се случат нови искуства меѓу нив инспирирани од моќта и убавината на магичниот Кожув кој ја има привилегијата на недопрена природа./A.Д