Концерт на Прљаво казалиште во Велес: “За пријателите во Македонија“
„Црно бијели свет“,“Ми плешемо“, „Зауставите земљу“, „Марина“, „Не зови мама доктора“, „Херој улице“, “Ту ноч кад си се удавала“, „Ако тражиш некога“ и уште трисесеттина најпознати композиции од нивните 18 албуми создадени од 1977 до 2012 година исполнија членовите на хрватскиот рокен рол состав „Прљаво казалиште“ на синоќешниот концерт во Велес. Младен Бодалец, вокалистот на групата, уште на почетокот концертот им го посвети на пријателите во Македонија. Неколку илјадната публика два часа уживаше и се забавуваше на добро познатите хитови. Имаше и млади луѓе кои ги пееја песните на популарната група создадени кога тие и не биле родени.
Настапот на „Прљаво казалиште“ се случи во рамките на Фестивалот на пити и вино „Велес 2014“ и освен велешани го проследија гости од соседните градови, најголем број од нив беа од Скопје.