Снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ започнува во Велес
Првата клапа на филмот „Ослободување на Скопје“ на режисерот Раде Шербеџија, ќе се снима во Велес. Снимањето ќе се случи на 31 октомври, годинава на брегот на реката Вардар, од Мало мовче до Стар мост. Снимањето ќе трае неколку дена. Таму во наредните денови, пред закажаниот термин за снимање, ќе се постави сценографијата.
„Многу сум задоволен од приемот на градот. Првите сцени од филмот кој го режирам и во кој исто така играм ќе се снимаат во вашиот град. За потребите на снимањто ќе бидат избрани статисти ваши сограѓани,“ рече вчеравечер Шербеџија во Велес.
Тој беше гостин на манифестацијата велешка Питијада. Во изјавата за медиумите Шербеџија соопшти дека изборот на статистите ќе се изврши на аудиција на 18 октомври со почеток во 12 часот во старата зграда на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Освен во Велес и Битола, филмот „Ослободување на Скопје“, според драмскиот текст на Душан Јовановиќ, ќе се снима и на повеќе локации во Македонија. Засега е познато дека во овој филм освен Раде Шербеџија ќе глуми и македонската глумица Силвија Стојановска. Режисерот особено ја потенцира соработката со македонскиот кант автoр Влатко Стефановски кој ќе биде автор на музиката во филмот.