Режисерот Љубиша Георгиевски и актерите на велешки театар на прва проба на претставата „ Најважната работа на светот“
Љубиша Георѓиевски е режисерот на првата претставата што ќе се одригра во новата тетарска зграда во Велес. Актерите од велешкиот театар денеска ја одржаа првата проба за комедијата „Најважната работа на светот“. Режисерот Ѓеорѓиевски смета дека новиот објект нуди огромни можности.
„Во светот, во светскиот просек театар се гради еднаш на 200 години, а ние со сите свои скромни ресурси успеавме да направиме и втор театар а се планираат уште неколку. Сега дојдов да наплатам за спондилозата што ја заработив во стариот велешки театар. Во оваа нова зграда нема да има спондилози, овде луѓето ќе бидат третирани како луѓе. Конечно Македонија ќе добие уште едно место каде на цел глас ќе се кажува дека не е срамота да се биде Македонец,“ рече Ѓеорѓиевски.
Во претставата ќе играат сите актери од велешкиот театар, а како гости ќе се појават Ирена Ристиќ, Благоја Чоревски и Зоран Љутков. За прв пат ќе играат и двајца млади актери Талија Настова и Влатко Колевски. Премиерата ќе се случи во првата половина на месец декември, годинава соопшти директорот на велешки театар Јордан Витанов.
„Се радувам што театарот ќе го отвориме со комедија што како жанр стана фах на овој театар и убаво е првата претстава да биде претстава со која публиката ќе се насмее и ќе се замисли познавајќи го Бато како автор на драмскиот текст и она што Ѓеорѓиевски го има замислено како режиски концепт на претставата, рече уметничкиот директор на велешки театар „ Јордан Хаци Константинов Џинот“, Васил Зафирчев.
Авторот на текстот за новата претстава, Братислав Димитров смета дека претставата ќе има долг век на прикажување.
„Среќен сум што мојот професор Љубиша Ѓеорѓиевски го режира овој текст особено поради неговата свежа, луцидна, радикална концепциоја, како во неговите најславни денови кога правеше живи претстави, провокативни, интерактивни,“ рече Димитров.
Мери Ѓорѓиовска е костимограф на претставата, за сценографијата е задолжен Валентин Светозарев, а музиката ја подготвува Миодраг Нечев./Д.С