Отворен ден на пробата на претставата „ Најважната работа на светот“
Многу хумор, смеа и солзи, од време на време по некој драмски пресврт, ова се главните карактеристики на „Најважната работа на светот“, претставата со која ќе биде отворена новата зграда на велешкиот театар. Пред режисерот и авторот на текстот, пред министерката за култура но и пред очите на јавноста, комплетната актерска екипа денеска на малата сцена во новиот објект изведе уште една проба.
Подготовките за уредување на сцената се при крај и се чека премиерата која треба да се случи во средината на месецов. Урнебесната комедија е забавна само за публиката но за екипата значи многу труд и неизвесни резултати, рече денеска режисерот Љубиша Ѓеорѓиевски.
„Во вистинско време дојдоа да не посетат ,затоа што кратко време пред премиерата секоја екипа има потреба од охрабрување“, рече Љубиша Ѓоргиевски режисер на претставата.
„На секоја проба кога ќе дојдам успевам да се изнанадам ,затоа што мојот текст го гледам во едно различно светло, а тоа е благодарение на креативноста на оваа еипа во театарот, рече Братислав Димитров, автор на текстот.
„Во претставата учествуваат актери кои досега многу придонеле за велешкиот театар ,а така ќе биде и во иднина и затоа без сомневање очекувам одлична премиера која ќе се случи надаке во средината на овој месец“, рече Елизабета Канчевска Милевска, министер за култура.
Надлежните очекуваат како и досега, премиерата да го исполни и последното столче во салата. Но не само тогаш, публиката да биде верна и во иднина и да остане доследна на својата традиција.
„Министерке салата на тетарот да беше и двојно поголема ќе беше полна ,затоа што во Велес има традиција за театар. Професоре не само на премиерата ,салата ќе биде секогаш полна“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
„Да не посетуваат од вечер во вечер ,затоа што тетарот има своја смисла ако во него се играат претстави ,ако не тогаш тоа како да не се случува“, рече Јордан Витанов, директор на велешки театар.
На премиерата за прв пат ќе биде презентирана и сценската технологија во новиот објект на театарот во Велес. Движењето на сцените преку новата аудио и видео опрема која е една од најсовремените и најскапите во државата./Д.С