Со нов уште поавтентичен концепт ќе се реализира годишеното издание Рацинови средби во Велес
Организаторот , Здружението на граѓани ФАД „Стоби“, кое од годинава доби делегирана надлежност над манифестацијата Рацинови средби воведува новитети во чествувањето на ликот и делото на Рацин. И годинава ќе се доделува наградата „Рациново признание“ и тоа за прозна книга која е иновација во форма структура и содржина и ја одбележува годината меѓу двете Рацинови средби. Конкурсот е веќе објавен и ќе трае до 15 мај, годинава. Право на учество ќе имаат сите издавачи кои во периодот од јуни 2014 до април 2015 објавиле прозни дела на македонски автори.
Новина во одбележувањето на манифестацијата е наградата „Антологија на болката “.Таа ќе се додели за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет. Со оваа награда организаторот има намера манифестацијата да ја доближи до поширокиот аудиториум а не само на истакнати писатели и книжевници. Конкурсот за оваа награда е веќе објавен и ќе трае до 15 мај.
„Наградата се состои од публикација на стихозбирката од страна на издаваќката куќа Култура како и нејзина промоција во централниот дел на манифестацијата : на конкурсот ќе можат да учествуваат поети со дебитантски необјавени збирки на љубовна поезија . Со ова мислиме дњека ќе ги таргетираме дебитантите и младите автори на љубовна поезија и активно ќе ги вклучиме во нивна афирмација, промоција и претставување во рамките на Рацинови средби. Тоа впрочем беше и наша примарна цел од минатата година да излеземе од херметизмот нма оваа поетска манифестација која години наназад се однесуваше само на книжевниците , само на писателите и поетите и да стане еден вид на градско празнување и чествување на творештвото на Рацин, рече директорот на Рацинови средби, Васил Зафирчев.
Новина на годинешното издание на Рацинови средби ќе биде и изборот на заштитно лице на манифестацијата. На конкурсот „Музата на Рацин“ кој веќе е објавен можат да се пријават сите девојки од средните училишта во Велес на возраст од 14 до 18 години. Според организаторот на манифестацијата целта на овој конкурс е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија. Заштитното лице, односно младата девојка која ќе биде избрана ќе се појави на на целокупниот рекламен материјал за Рацинови средби, ќе биде вклучена во отворањето и централниот дел на манифестацијата.
„Овој настан ќе биде традиција во одбележувањето на рацинови средби. Знаете дека Рахилка била средношколка кога Рацин и ги пишувал тие љубовни дописки, негова стихозбирка на љубовна поезија насловена како Антологија на болката . Во минатите години некако голем акцент беше ставен на неговите „Бели мугри“ и социјалната поезија, ние би сакале да се посветиме токму на љубовната поезија кја е исто така значаен и авангарден дел на Рацин како поет по што е вечно актуелен и кај младите и возрасните. Конкурсот за „Музата на Рацин“ трае до десети мај годинава, рече Зафирчев.
На тридневното чествување на Рацин ќе се одржат и веќе познатите традиционални настани како читање на „беседата за Рацин, процесијата 1000 свеќи за Рацин, посетата не неговата родна куѓа и читање на неговата надалеку прочуена поезија како и уште многу други нови и веќе востановени настани. Годинешното 52 издание на Рацинови средби ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни, годинава./Д.С