Пијанистот Петре Штерјов попладнево со солистички пијано рецитал пред штипјани
Објавено на 30 август, 2016 во 10:24
Во изведбите на делата на Бах, Бетовен, Шопен, Рахмањинов и Зографски од страна на младиот велешки пијанист ,попладнево, ќе можат да уживаат љубителите на класичната музика во Штип.
Концертот на Штерјов ќе се одржи во концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Штип. Почетокот е закажан во 17 часот и е поддржан од Министерството за култура. Влезот е слободен.
Пијанистот Штерјов дипломец е на ФМУ во Скопје на одделот музичка теорија и педагогија со хорско диригирање и е студент на одделот пијано на Универзитетот „ГоцеДелчев“ во Штип, како втор факултет. /У.Ј