Здружение на поети од Казакстан на Македонецот Михајловски му додели признание за ширење на мирот во светот
Признание за доживотни заслуги во културата од Казакстан ја заокружи творечката работа на поетот Љубомир Михајловски од Центарот за научна фантастика „Визија “ од Велес. Признанието што тој го доби го доделува Здужението на поети формирано пред пет години и што тоа се доделува на лица кои преку литературата го шират мирот во светски рамки. И додека Михајловски дома се бори со предизвикот како да го стави во функција добиениот бесплатен простор на граѓанското здружение од општината во најновиот број на меѓународниот магазин за литература, посветен на жената, „Кафоа“ чие седиште се наоѓа во градот Шандигаре во Индија објавени се две две негови песни. Под насловот на песните стои името на авторот Михајловски и името на државата Македонија.
– Една од објавените песни и е посветена на мојата сопруга а втората на сестра ми. Ова е доказ дека продолжува објавувањето на македонската поезија на места што таа ги заслужува. Станува збор за научно фантастична поезија . Сакам да додадам дека е навистина убаво што научната фантастика како поезија се рангира во тековната поезија на светот, рече Михајловски.
Тој е особено горд на фактот што до објавените негови песни стои името на државата Македонија и што светот практикува повисоки критериуми според кои признанија на научнофантастичната поезија и доделуваат здруженија што препознаваат потенцијали во оваој вид на поетски труд. Тие вреднуваат и друг вид творештво во севкупната дејност на планетата Земја./У.Ј