Велешките поети го одбележаа светскиот ден на поезијата
Објавено на 21 март, 2019 во 15:10
По повод 21 март, светскиот ден на поезијата кој УНЕСКО го прогласи на својата 30 сесија во Париз, 1999 година, а кој има за цел да ја слави поезијата како средство за универзална уметничка комуникација меѓу луѓето од целиот свет, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Клубот на писатели Коста Солев Рацин денеска реализираа поетско читање во просториите на библиотеката и подарија книги на свои читатели.
На настанот, на кои специјални гости беа и учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес. Пред нив најновото поетско творештво го презентираа роднокрајните поети Игор Крајчев, Лила Арсова, Божидар Јовиќ, Гордана Б. Николовска, Нада Алексоска, Јасмина Ѓоргиева, Родна Јанчева, Атанас Крлевски, Марина Стојанова и Олга Новачева./У.Ј