(ВИДЕО) „Мачорот Пабло“ новогодишен подарок за сите деца од Лајонс и Лео клубовите Велес
24.11.2020
Лајонс клуб и Лео клубот од Велес , на сите дечиња во пресрет на новогодишните празници, им ја подаруваат детската сликовница „Мачорот Пабло„.Оваа едукативна сликовница е наменета за деца од предучилишна возраст.
Во сликовницата низ приказната за Пабло, миленичето кое малата Мери го добива како новогодишен подарок, децата имаат можност да ги научат основните навики за здрав живот.Приказната за Пабло , веќе е достапна во аудио верзија , а наскоро се очекува и печатеното издание на истата.
Автор на текстот е Ана Милевска Ѓеоргиева, а илустрациите во сликовницата ги изработи Теа Мијалкова.
„Искрено се надеваме дека институциите за деца од предучилишна возраст ќе ја препознаат пораката што Пабло им ја испраќа на децата и ќе го прифатат делото во својот план за работа во иднина.Покрај македонска , сликовницата е предвидено да добие и англиска верзија , како и верзии преведени на јазиците на заедниците во земјава.Аудио верзијата е од огромно значење за дечињата со оштетен вид, а за оние пак со оштетен слух и вид, предвидено е нејзино печатење на знаковен јазик.Тимот кој работеше на овој проект е со план, истиот да го надградува во иднина и по објавувањето на првиот дел, да се работи на раскажување на новите авантури на мачорот.Се надеваме на соработка со театарската фела, со цел приказната за Пабло во иднина да им ја доближиме на децата преку театарска претстава, а во план е издавање и на боенка.Благодарност за сите организации и поединци соработници, кои ја поддржаа идејата и допринесоа за нејзина конечна реализација.“ – изјави Антонио Зографски – Претседател на ЛЕО Клуб Велес
Аудио сликовницата е во продукција на Тим Амигоси и Лео Клуб Велес.
Текст: Ана Милевска Ѓеоргиева, илустрации: Теа Мијалкова, видео анимација: Антонио Зографски, аудио: 5fm Radio Велес додека гласот за приказната на мачорот Пабло е на велешкиот актер Фаик Мефаиловски.
Убавка Јаневска