Афористичарот Коки: „Жената е како бајка, крајот е најубав“
Објавено на 6 март, 2023 во 11:10

По повод празникот на припадничките на понежниот пол, 8 Март, им упатувам најискрени честитки со осум нови афоризми.
-За празникот на своите сопруги, многумина луѓе ќе се чувствуваат ПРАЗНИчно, џебовите ќе им бидат…ПРАЗНИ.
-Жените се се поискрени, освен годините, не се обидуваат ништо друго да сокријат.
-Жените честопати не знаат што бараат, ама си ги остваруваат желбите.
-Жената стравува од својот маж само тогаш, кога е со друг.
-Сите мажи се исти, рекоа жените, и продолжија да ги одбираат.
-Искусните жени од секоја нова љубов излегуваат се поневини.
-Жените живеат подолго од мажите, затоа нивниот збор е последен.
-Жената е како бајка, крајот е најубав.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
