Афоризми на Коки: „Кој учи љубов од книги, тој ги плаќа печатните грешки“

Објавено на 4 декември, 2023 во 09:36

Нови шест афоризми на афористичарот Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк. „Посакувам убава работна недела на секој читател“, додава Коки.

-Кој учи љубов од книги, тој ги плаќа печатните грешки.

-Од новите избори, најмногу очекуваат да се офајдат многуте полтрони, голтари и маргинални партиски лигуши.

-Ми вети невиност, сега чекам на ред.

-Во бракот каде што жената е „прва“ виолина, на мажот единствено му преостанува да ги свртува нотите.

-Ако првата љубов Ви е и последна, тогаш примете го моето најискрено сочувство.

-Честопати во животот е како и во шахот: Дамата најчесто ја освојува некој…КОЊ.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.