Неделен афористички поглед на дел од нештата што не опкружуваат

Објавено на 15 август, 2022 во 14:55
Фото: Афористичар Никола Бошковки Коки

Оставете ги сите грижи настрана и за почеток на новата работна или одморџиска седмица насмевнете се додека ги читате новите шест афоризми на афористичарот Никола Бошковски Коки. Тој ги пишува за Вас.

„Доаѓа времето кога единствено археолозите ќе ја обработуваат земјата“.

 „Голем успех за жената е кога ќе успее мажот да го увери дека роговите многу поубаво му прилегаат,отколку…мустаќите“.

„На некои девојки воопшто не им треба часовник,штом партнерот ќе започне да ги откопчува пантолоните,веќе се знае колку е часот“.

„Поаѓајќи на испит,студентката заборавила да го понесе индексот,но професорот успеал да ја препознае по лузната од операцијата на „слепо црево“.

„Животниот стандард на многумина луѓе им оневозможува да седат во кафеана,затоа сега пијат од нога“.

„Мојот комшија, фудбалски судија, пак судел дерби натпревар: Целиот е во завои“.

Поздрав за читателите на Дума.мк

од КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.