Издумани Крлевизми – 2
Објавено на 10 ноември, 2023 во 14:09

Прочитајте ги новите седум крлевизми на велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Крајот на работната седмица завршете го со насмевка, а во меѓувреме Крлевски ќе ги издума следните крлевизми коишто ќе ги читате следниот петок. Уживајте!
-Јас – најупотребуван збор без потреба.
-Ја дефинирав среќата, ама не можам да ја запомнам дефиницијата.
-Закони тежок ви е животот! Од непочитување.
-Тој е срамежлив политичар. Се срами од голата вистина.
-Откако се оженив, не верувам во хороскоп. Лав сум, а молчам како риба.
-Туѓите сопруги се подобри, но тоа е само теорија.
-Оазата, колку и да е голема, пак е во пустина.
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк
