Издумани Крлевизми: „Цените ни дојдоа до гуша – сега лесно ги читаме“

Објавено на 5 јануари, 2024 во 11:12

Седум Издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк од афористичарот Атанас Крлевски. Прочитајте ги, насмејте се и слободно пронајдете се.

-Со глупавите глупаво! За да ја потврдите разликата.

-Цените ни дојдоа до гуша – сега лесно ги читаме.

-Со закони на џунглата се стигнува во пустина.

-Одлучив да живеам свртен кон иднината, но набрзо се досетив дека во
фрижидерот има вчерашна торта.

-Тие што ви работат зад грб, секогаш ви се пред очи.

-Моите убедувања – разубедуваат!

-Пензионерите ни се физички активни. Трчаат по пониски цени.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.