Издумани Крлевизми: „Денес, виновниците најмалку молчат. Вината ја кријат со зборови.“

Објавено на 2 февруари, 2024 во 10:50

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски со седум нови крлевизми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана!

-Денес, виновниците најмалку молчат. Вината ја кријат со зборови.

-Просечна брачна слога: Јас работам сѐ, а таа ништо.

-Најлесно се даваат празни ветувања. Без пари се!

-Јазикот на молчење е половично светски. Го знаат само мажите.

-Секаде сум позитивен. Освен на тековната сметка.

-Имам млада сопруга. Ако ја прашаш!

-При бродолом најмногу вредат чамците за спасување.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.