Издумани Крлевизми: „Празните глави се полни со празни ветувања“

Објавено: 16 февруари, 2024, во 11:15 часот

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски испрати нови седум издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевнете се и како што вели Крлевски – слободно пронајдете се! Уживајте и очекувајте нови, следниот петок.

-Ако гледаш, треба и да видиш!

-Со глад може да штрајкуваат само сити.

-Ако ги добиеме изборите, ќе ги реализираме и нереалните ветувања. Ние сме партија – волшебничка!

-Нема докази дека не е писателка. Никој не знае од кого препишувала.

-Празните глави се полни со празни ветувања.

-Жена ми е внимателна со мене. Кога зборувам во сон.

-Без сирење нема игра мачката и глушецот.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.