Издумани Крлевизми: „Сѐ е под контрола, освен контролорите“
Објавено на 12 јануари, 2024 во 10:14

Петок е ден за издумани Крлевизми. Прочитајте ги новите седум афоризми на велешкиот афористичар Крлевски, насмевката е загарантирана!
-Жена ми многу ме сака. Најмногу на Балеарите!
-Сѐ е под контрола, освен контролорите.
-Кога се вртев по здолништа, немав вратни шилци.
-Верува во своите раце, но исклучиво на лактите.
-Ме водат емоциите. Така ми вели разумот.
-И кај триумфалната капија влезот е и излез.
-Малите пензии имаат и добра страна. Пензионерите ни се како манекени.
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк
