Издумани Крлевизми: „Во шахот постои само мат. Исто како и во животот“

Објавено на 7 јуни, 2024 во 10:00

За крај на работната седмица, 10 нови издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски кој Ви предлага да читате Издумани Крлевизми, да се смеете и размислувате, бидејќи тоа му годи и на умот и на духот.

-Останав принц и откако ми го украдоа белиот коњ.

-Лекарот ми препорача повеќе течности. Сега покрај ракија пијам и пиво.

-Паднав на ниски гранки. Конечно сум свој на своето.

-Умната глава и ѕид турка!

-Паметен меѓу будали? Изгубен случај!

-Најболна состојба на душата: Ниту да се смееш, ниту да плачеш.

-Во фудбалот ако се затрчувате, ќе ве остават во офсајд. Така е и во животот!

-Најглупавите не мислат дека се паметни. Мислат дека се гении!

-Со другар ми вљубени сме во иста. Во жолта кавадаречка!

-Во шахот постои самомат. Исто како и во животот.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.