Издумани Крлевизми: „Волкот сит, а овци ниту една“

Објавено: 1 декември, 2023, во 10:12 часот

Нови седум крлевизми за читателите на Дума.мк. Афористичарот Атанас Крлевски има за цел да предизвика насмевка на вашето лице. Напишете ни во коментар кој крлевизам Ви се допаѓа најмногу.

-Волкот сит, а овци ниту една.

-Што ќе речат луѓето? Зарем едно прашање да ми го води
животот?

-Крајно непромислена е одлуката на мајмунот да стане човек.

-Луѓето се најсмешни кога се сопнуваат од сопствениот јазик.

-Магарето оди на свадба убедено дека ќе пее, ама носи вода!

-Кај жените не е како кај пчелите. Покрај многу цветови летаат
трутови.

-Шефот ми е комплетна личност. Знае и да лаже.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.