Коки: „Ластовиците веќе одамна одлетаа на југ, ама …гугуткиве и чавкиве ни останаа дома.“

Објавено на 23 септември, 2024 во 09:32

Понеделнички нови седум афоризми за читателите на Дума.мк од афористичарот Никола Бошков Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана.

-Ластовиците веќе одамна одлетаа на југ, ама …гугуткиве и чавкиве ни останаа дома.

-На денешниве политичари им е мошне лесно да критикуваат, пронаоѓаат грешки и поставуваат прашања ,одошто да анализираат, изнаоѓаат и нудат решенија, и да одговараат на прашањата.

-Ако цениме според алиментацијата, тогаш: секоја грешка се плаќа.

– Можеби за претстојнава грејна сезона, нашето електростопанство ќе успее да обезбеди енергетска стабилност ако, освен струја, се определи да увезува и…ЕЛЕКТРИЧНИ ЕГУЛИ.

-Ерогените зони никогаш не биле, ниту постои можност некогаш да бидат: ЗОНИ НА МИРОТ.

-Не е чесно од Вас, ако својата сопруга постојано ја обвинувате за некакво божемско неверство: пред сопругата Вас ве изневерило нешто друго.

-Постојат луѓе кои воопшто не покажуваат желба да се учат на сопствените грешки туку, и понатаму продолжуваат да се учат…на грешнички.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.