Коки: „Наместо да се вакцинираат против појавата на сезонскиот грип, многумина луѓе прибегнуваат кон варено вино и ракија“

Објавено на 11 декември, 2023 во 10:54

Афористичарот Никола Бошков – Коки со шест нови афоризми. Неговата инспирација е сестрана од политика па се до жената и вареното вино како најдобар лек во зимските услови. Прочитајте ги и пишете ни во коментар кој денешен афоризам е најдобар според вас. Убава работна недела!

-Најприродно е луѓето, наместо политика, да започнат да си ја гледаат својата работа.

-Во трката за партиски лидер, прв на целта секогаш пристигнува: единствениот натпреварувач.

-Единствено мажот ја облекува својата сопруга со поглед, останатите ја соблекуваат.

-Постојат мнозина забегани политичари, кои со својата неукост и ароганција, можат да му нанесат главоболка дури и на … АНАЛГИНОТ.

-Откако девалвира како љубовџија, сега работи како ѕидар, високот му е постојано меѓу нозете.

-Наместо да се вакцинираат против појавата на сезонскиот грип, многумина луѓе прибегнуваат кон варено вино и ракија.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.