Коки: „За празникот на своите жени и многу мажи ќе се чувствуваат празнично, џебовите ќе им бидат…ПРАЗНИ“

Објавено на 4 март, 2024 во 09:41

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки првиот понеделник од месец март, испрати шест нови аафоризми до редакцијата на Дума.мк по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март. Уживајте, насмевката е загарантирана!

-За празникот на своите жени и многуте мажи ќе се чувствуваат празнично, џебовите ќе им бидат…ПРАЗНИ.

-Додека мачките за љубов го имаа цел февруари, на некои жени единствено им преостана…ОСМИ МАРТ.

-Не ви вреди многу сознанието дека сопругата ви е на свое место, ако на овој празник некој друг е на вашето.

-За да им се остварат празничните желби, многуте жени ќе се обидат на своите мажи да им се пикнат под кожа со надеж дека ќе успеат да ги одерат.

-Некои жени ќе бидат мошне пријатно изненадени од своите швалери, со убав, скапоцен подарок, а некои од мажот…ако тој одненадеж се врати дома од службеното патување.

-Ако и на овој убав празничен ден, потенцијалните швалери не се во состојба да уловат РИБА, значи дека мамката не им е добра.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.