Коки: „Жената е тајна, а тајната треба да се чува“

Објавено на 15 јануари, 2024 во 10:06

Почетокот на новата работна недела започнете го со насмевки. Афористичарот Никола Бошков Коки испрати нови шест афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте:

-Жената е тајна, а тајната треба да се чува.

-Нема ништо поубаво од убава и туѓа жена, оние помалку убавите, обично се нашите сопруги.

-За да се подигне моралот кај електоратот, за некои изборни победи, треба да се подигнат…кредити.

-Совренените ЈУЛИИ, единствено се вљубени во Алфа РОМЕО.

-На некои луѓе бракот им причинува голема потешкотија, а на други, пак…жената.

-Во потрага за леб, луѓето се почесто заминуваат во странство, мислат дека таму еден килограм леб, тежи…два.

Афористичар Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.