Kоки: „Животот без жени е празен, а со нив…полн со проблеми“

Објавено на 19 февруари, 2024 во 10:11

Афористичарот Никола Бошков – Коки, понеделнички со нови шест афоризми за повеќе насмевни на почетокот на работната седмица. Прочитајте ги и во коментар напишете го вашиот омилен денешен афоризам.

-Животот без жени е празен, а со нив…полн со проблеми.

-Во обидот да ни подготват вкусна, предизборна торта, лидерите на некои политички партии започнаа секојдневно да не МАТАТ.

-Жените живеат подолго од мажите, затоа нивниот збор е последен.

-Откако сопругата ме остави и си замина, сега се соочувам со нов, сериозен проблем: како да ја омажам…тештата.

-Не обидувајте се на својот сопруг да му го забранувате алкохолот: би можел да се отрезни.

-Лесно е да си мачор во февруари: талкаш цела ноќ по мачки, а дома на спиење доаѓаш рано наутро.

Афористичар

Никола Бошков

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.