Понеделнички афористички поздрав од Коки
Секој понеделник афористичаот Никола Бошков – Коки одвојува по шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Денешните со сигурност ќе предизвикаат насмевка на вашето лице. Уживајте:
-Евидентно е дека кај нас има многу селани, ама…не се адекватно распоредени.
-Колку и да се трудите, некои политичари не ќе успеете да ги опишете, зашто мнозина од нив се безлични.
-На многумина луѓе летувањето на море им причинува особено задоволство, затоа што тоа е нивниот вистински, заслужен одмор од брачните должности.
-Разговорот со интелектуалните и добронамерни луѓе, не ве прави да се чуствувате поголем и посилен, туку нежно поширок, природно и душевно обогатен.
-Таа беше толку срамежлива, што дури утрото се одважи да му каже дека е мажена.
-Девојки, не правете селекција меѓу чувствителните и емотивните, искрените и внимателните, шармантните и страствени момчиња: ќе останете не мажени.
Афористичар
Никола Бошков Коки