Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“

Објавено на 16 мај, 2022 во 11:31

Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ и овој понеделник издвои шест нови афоризми за убав почеток на работната седмица.

-Земјата во која сите се прават луди, наликува на еден голем санаториум.

-Во минатото нашите дедовци дигаа востанија, татковците-стандардот а денес ние дигаме кредити и штрајкови.

-Со некои жени тешко се излегува на крај, секое излегување скапо чини.

-Многу сопруги веруваат деко во претпријатијата, се случуваат итни, неодложни состаноци но не веруваат дека записниците се водат со кармин за усни.

-Среќен е оној кој барајќи ја раката ги добива двете нозе.

-Автомобилистите умеат на патот да ги избегнуваат црните дупки, но пред црниот триаголник … застануваат.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.