Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми 😀

Овој понеделник повторно го започнуваме со насмевка благодарение на велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“. Уживајте во новите шест афоризми и во коментар пишете го вашиот омилен. 😀
-Денес многу полесно ќе забележите „летечка“ чинија ,отколку … полна.😄
-Постојат политичари кои со својата неукост и ароганција, можат да му нанесат главоболка дури и на аналгинот.😀
-Дојде еден добро поткован и таа ги дигна нозете.😄
-Љубовта дури со староста прогледува, но тогаш, за жал, нема што да се види.🤣
-Во темнината жената го прашува својот ќелав маж: дали си ја симнал капата или…гаќите.😀
-Тој постојано ги пополнуваше тикетите во обложувалниците и не беше лош прогнозер: единствено не можеше да погоди … кој му ја пополнува-сопругата.😄
Афористичар
Никола Бошков – Коки
