На VI Ваљевски стрип фестивал, во Србија, специјална награда за Стрип центар на Македонија

Објавено на 2 јуни, 2023 во 12:39

Ваљевскиот стрип центар свечено ќе биде отворен денеска,петок 2 јуни од страна на организаторот Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград.

Фестивалот, меѓу другите содржини, доделува и награди од стрип конкурсот објавен есента, минатата година, и организира изложба од делата на конкурсот.

Веќе традиционално,специјална награда за педагошка работа добива Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

Исто така, годинава, во категорија на најдобри стрип автори до 18 години, првото место го освои Ангела Петрушевска ученичка во ДСУЛУД „Лазар Личеноски “ од Скопје.

Треба уште да се истакне дека специјално признание доби и наменскиот проект  „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “(Роми з.а ) имплементиран од Македонскиот стрип центар Велес  и Институт за Истражување и Анализа на Политики „Ромалитико“ од Скопје.

„Мојата организација уште од своето формирање , мегу другото, отвора врати на мегународна соработка со други земји. Да потсетам дека во склопот на Ваљевскиот стрип фестивал во 2019 година беше отворена и изложба на современи македонски стрип автори а јас бев присутен како специјален гостин на истиот фестивал. За фестивалот во Ваљево можам да кажам дека спаѓа во редот на бројни вакви настани во соседна Србија и е од видот на манифестации кои овозможуваат блиска комуникација помегу присутните учесници“, рече Томе Трајков, програм координатор во Стрип центар Македонија.

Тој за младата Ангела Петрушевска  рече дека со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред и се повеќе прераснува во вистински амбасадор на Македонскиот стрип центар.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.