По повод денот на вљубените и денот на виното, шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/02/Untitled-design-2021-12-27T155619.112.png)
Четиринаести февруари е датум којшто секој од нас го слави, но на различен начин. Дел го празнуваат Св. Валентајн и љубовта кон одредена особа додека останатите Св. Трифун и љубовта кон виното. И во двата случаи на прво место е љубовта. Велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“ со шест нови љубовни афоризми.
-Првата љубов е ЕВЕРГРИН, сите останати се само ХИТОВИ.
-Пламенот на љубовта гори многу посилно откако тој ќе се распламнти со банкноти.
-Во својот занес вљубените во истовреме можат да бидат и во облаците и на тревникот.
-Таа го дочека својот принц на бел коњ, но од коњот го симна нејзината најдобра пријателка.
-Наместо да водат љубов,денешниве девојки се почесто водат…кучиња.
-Момчиња,ценетеги девојките,но не ги преценувајте своите љубовни можности.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)