Велешкиот афористичар Коки со шест нови афоризми

Објавено на 18 април, 2022 во 10:58

Понеделник е резервиран за афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“. Негова цел е да го разубави вашиот ден но и да ја прикаже реалната слика на животот преку пишаниот збор. Уживајте:

-Пишувањето афоризми е едно нескриено радување во кое приливот на чувствата ја надминува можноста на зборовите.

-Секој од нас има некој свој ХОБИ: денес луѓето најчесто СОБИРААТ НАЧИНИ како да преживеат.

-Некои наши политичари воопшто не се обидуваат работите да ги решаваат транспарентно, некако навикнати се тоа да го прават во четири очи.

-Штом мажот живее заедно со жената и тештата, тогаш тоа не е брачна, туку -првобитна заедница.

-На луѓето на кои сопругите постојано им го навиваат часовникот, попусто ги очекуваат своите пет минути.

-Искусните жени се како искусните спортистки: имаат безброј средби во своите нозе.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.