Гласање на членовите во избирачките одбори
Во Државната изборна комисија денеска ќе гласаат 294 членови на избирачките одбори за спроведување на гласањето за претседателските избори во Дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.
Оваа година првпат на претседателски избори ќе можат да гласаат и македонски државјани кои работат или престојуваат во странство.
За гласањето во дијаспората, што ќе се одржи в сабота на ден пред изборите, пријавени се 8.332 македонски државјани, од 70.305 запишани во избирачкиот список.
Во ИЕ 7 (Европа и Африка) ќе можат да гласаат 5.892 македонски државјани, во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка)-1.426 и во ИЕ 9 (Австралија и Азија) – 1.014. Гласање ќе има во 34 избирачки места во дијаспората, од вкупно 47.