Два авиони го гаснат пожарот во Чашка

Објавено на 2 септември, 2013 во 15:39

Со интервенцијата раководи Дирекцијата за заштита и справување бидејќи пожарот е на непристапен терен во месноста викана Плавник над селото Мелница. Горат капини, трње и стари букови дрвја. Пожарот и се заканил на шумата во правец кон Горно Врановци. Штом биле уклучени авионите состојбата почнала да се става под контрола.

– Најдоцна за 40 минути ќе треба огнот да биде ставен под контрола. Тоа се информациите со кои сега располагаме. Авионите гаснат веќе еден час и спречена е опасноста да биде зафатена шумата, рекоа од општина Чашка.

Од таму, за еден час, најавија нови информации. Пожарот се појавил денеска околу пладне во месноста викана Плавник или Ливаѓе над селото Мелница. Огнот не е опасен по насеените места.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.