Автобусот на кампањата „ЕУ одблизу“ ја посети Чашка
Со него во населбата стигнаа преставникот на Делегацијата на ЕУ, Роберт Лидл, преставници од Секретаријатот за европски прашања и на други институции и организации во Македонија. Сите тие се дел од кампањата „ЕУ одблизу“ која има за цел преку непосредна комуникација да им овозможат на граѓаните во Македонија да постават прашања поврзани со Европската Унија, пристапувањето на земјата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата.
Која е валутата на Унијата, колку земји членуваат во неа, кои се официјалните поточно службени и колку јазици на земји членки се користат? Ова беа само неколку од прашањата кои Роберт Лидал и градоначалникот на општина Чашка, Горан Пановски им ги поставија на учениците во основното училиште во Чашка. Децата дадоа точни одговори а најбрзите добија на подарок фудбалски топки.
И тие поставуваа прашања поврзани со образовниот процес и можноста за школување на високообразовните институции во Европа. Лидл посака соработка и на ова поле исто како и на нивните родители кои ги охрабри да ги користат европските пари преку програмата ИПАРД за купување на земјоделска механизација потребна за обработка на почвата во општината.
– Овде се реализира мотото на ЕУ кое гласи Обединети во различностите бидејки видов луѓе од различни етнички групи кои заедно живеат. Што се однесува до финансиската помош од ЕУ во моментот има многу програми и фондови. Ке ја посочам ИПАРД програмата за рурален развој и ке кажам дека тука со нас се преставници од ИПАРД агенцијата како и преставниците на Владата кои дојдоа тука за да разговараат со жителите на оваа населба и секако да им помогнат во нивната намера за искористување на сретствата,“ рече Лидл.
Домаќинот, градоначалникот Пановски посака Македонија да го следи примерот на повеќето земји членки во ЕУ во кои функционира рамномерниот плански развој. Тој соопшти дека општината досега добила доволно сретства кои ќе ги вложи во подобрување на инфраструктурата.
– И ние како рурална средина имаме потреба од соработка со ЕУ и ни треба помош затоа што планираме како нивните села во државите членки на Унијата да бидеме места кои ќе бидат избрани за живеење од поголем број на имотни граѓани. Нивните искуства говорат дека поголем број на граѓани со здравствени проблеми избираат дом во село. За тоа се потребни квалитетни услови идентични со оние кои ги уживаат граѓаните кои избираат да живеат во градовите, рече Пановски.
Општина Чашка е прва од вкупно десетте што деновиве автобусот на ЕУ ќе ги посети во рамките на кампањата.
