Дете од Скопје тешкo повредено на летување во „Михајлово“ кај Кавадарци

Објавено на 15 август, 2022 во 15:52

Едно дете се здобило со тешки телесни повреди на фудбалскиот терен, којшто се наоѓа во рамки на детско одморалиште „Михајлово“, кај Кавадарци кадешто престојувале ученици од основно училиште од Скопје. Поточно, малолетникот бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала. Поради сериозноста на повредите детето било транспортирано од Општа болница Кавадарци во Скопје.

-Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Според полицискиот билтен увид на местото на немилиот настан извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.