Државата на невработени високообразовани лица нуди бесплатна обука за квалификација Специјалист за човечки ресурси
На 70 невработени лица, до 40 годишна возраст, кои се пријавени во Центар за вработување Велес државата им нуди бесплатна обука за стекнување вештини од областа на човечки ресурси, поточно за квалификацијата Специјалист за човечки ресурси – Регрутер.
За да се стекнат со оваа квалификација невработените лица ќе посетуваат обука составена од следниве модули : Вовед во дигитални канали за пребарување на таленти преку 9 часа, пребарување и таргетирање кандидати на социјалните медиуми со 12 часа, комуникација и контактирање на пасивни кандидати со 2 часа, брендинг на компанијата и личен брендинг преку 20 часа, интервјуа и тестирања со 24 часа, понуда за работа и фидбек преку 12 часа, интеграција на новиот вработен (Онбординг) со 20 часа.
Оваа мерка обезбедува услуги за вработување во име на работодавач преку откривање на талентирани невработени лица, со завршено високо образование, активни баратели на работа коишто се пријавуваат во центарот во Велес и во останатите во Македонија.
Обуките за селектираните кандидати кои ќе се пријават, минимум 10 во група, ќе се реализираат во Тренинг центар за вработување во Вардарски плански регион, односно online, во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во мерката.
„Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, согласно “Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот” предност ќе имаат невработените жени. Невработените лица ќе имаат можност да аплицираат за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка,“ соопштија од Центар за вработување Велес.
Планирано е обуката да се реализира во период од максимум четири месеци. Кандидатите полагааат испит, докажуваат редовно присуство и добиваат Уверение и Сертификат за успешно положен испит.
Повеќе информации за обуката, финансирана од државен буџет, можат да се добијат во Центарот за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот и на www.av.gov.mk. Ова е само една од деветте активни државни мерки за вработување на невработени лица.
Убавка Јаневска