Двајца ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 25 јуни, 2021 во 15:00

Една жена позитивно потврдена и еден маж што е сомнителен на ковид-19 се двајцата пациенти што се лекуваат на Инфективното одделение во велешката болница. Поточно за пациентот маж се очекуваат резултатите од земен брис и засега тој се води како сомнителен пациент.
По вчерашниот ден, кога од болницата беше соопштено дека заболени и сомнителни се тројца пациенти, денеска, резултатите на еден од нив покажале дека не е заразен од инфективното заболување.
Тој пациент, според потпаролката на ЈЗУ „Општа болница Велес“, Д-р Елеонора Јовановска, се уште се наоѓа на болничко лекување но не во ковид центарот на Инфективно одделение. Овој пациент и во наредните денови ќе биде следен од докторите специјалисти по инфективни заболувања.
Стефани Манева
