Гори дабова шума над село Папрадиште, неопходно е гаснење од воздух

Објавено на 29 јуни, 2021 во 16:00

Пожарот, што според последните информации, се шири и „голта“ нови хектари со шумски насади, даб и бука, бил пријавен во СВР Велес, вчера попладне во 16:08 часот. Во текот на ноќта шумарски работници и вработени во Општина Чашка го започнале гаснењето на пожарот. Тие продолжиле да гаснат и утринава но до овој момент пожарот не е локализиран туку напротив се шири и зафаќа нови површини под шуми.

-Како што ме информираат вработените во Општина Чашка коишто се учесници во гаснењето на пожарот, површината под оган од час во час се зголемува. Директорката на Ш.С „Бабуна“ Љубинка Попова, е на лице место, и со неа сум во постојана комуникација. Таа ме информираше дека потребно е гаснење на пожарот од воздух за што како општина веќе превземавме активности. Го информиравме Центарот за управување со кризи и се обидуваме да обезбедиме хеликоптер бидејќи најверојатно единствен начин за локализирање и гаснење на пожарот ќе биде од воздух. Временските услови не дозволуваат за сега да полета хеликоптерот од Скопје но се надевам дека ќе го обезбедиме во текот на утрешниот ден, рече Горан Стојановски, Градоначалник на Општина Чашка.

Станува збор за пожар што избувнал на површина на која се засадени високо квалитетни дабови и букови стебла и претставува национално шумско богатство. Затоа е потребна што по итна интервенција од воздух. Невозможно е огнот да се локализира само од земја со учество на одреден број на луѓе, поточно само со вработените од Општина Чашка и од ЈП Национални шуми – ШС „Бабуна“ Велес. Дел од дрвајата што горат се на неприпасни и недостапни места да бидат гаснети само од земја.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.