Градоначалникот Колев: Почивајте во мир Вања и Панче, нека правдата биде задоволена час поскоро!
Објавено на 4 декември, 2023 во 15:33
Градоначалникот на Општина Велес преку фејсбук статус изрази длабоко сочуство за прерано починатата девојче Вања Ѓорчевска од Скопје како и за предвреме згаснатиот живот на сограѓанинот Панче Жежовски.
Во објавата на Колев пишува:
„Понекогаш, едноставно не постојат зборови кои можат да ги опишат чувствата… Почивајте во мир Вања и Панче, нека правдата биде задоволена час поскоро!„, пишува градоначалникот Колев.
Статусот на градоначалникот Колев е објавен пред 16 часови на официјалната фејсбук страна.
Дума.мк