(ОБНОВЕНО) Четиригодишно дете и неговата мајка од Скопје загинаа додека таткото не е повреден во тешката сообраќајка вечерва кај Градско
Триесет и четири годишна скопјанка и нејзиниот четири годишен син загинаа додека сопругот, триесет и три годишнен скопјанец не е повреден во тешката сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случи на автопатот Неготино – Велес непосредно пред наплатната рампа кај Градско. Тие патувале во автомобилот марка Матиз со скопски регистерски таблички и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се удриле еден во друг. Матизот го управувал мажот додека негови сопатници биле жената и малолетното дете. Патничкото возило по ударот излетало надвор од патот. Тоа се случило само неколку минути откако претходно на автопатот во полесна сообраќајна несреќа се судриле двата камиони и додека возачите ја согледувале штетата.
Увидот на увидната полициска екипа на СВР Велес и Основен јавен обвинител сеуште трае. Овој дел од автопатот е затворен за сообраќај и возилата се пренасочуваат по стариот пат за Велес преку населбата Градско.
Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска информираше дека утре ќе бидат соопштени првичните информации од извршениот увид на местото на несреќата./У.Ј